510
Вчера попладне жител на Косово бил приведен од полициски службеници, поради фалсификувани документи, пренесува МВР.
„Вчера во 17:00 часот на граничен премин „Меѓународен Аеродром – Скопје“, полициски службеници го привеле К.Б.(39) од Косово, поради сомнение за поседување фалсификувани документи. Во 19:00 часот К.Б. бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка“, додаваат од МВР.