Косовец се обидел да мине македонска граница со украден бугарски пасош

by Фокус

Косовски државјанин се обидел да мине низ македонска граница со украден пасош и фалсификувани документи, претставувајќи се како бугарски државјанин, информираше полицијата.

„На 17.02.2018 година во 18,40 часот на Граничен премин „Св. Наум“ на излез од Република Македонија, со автобус „Мерцедес“ со косовска регистарска ознака се пријавил П.Ц.И.(42) од Р.Бугарија. Од страна на полициските службеници по извршена пасошка контрола утврдено е дека патната исправа евидира како изгубена/украдена, при што истата со потврда за привремено одземени предмети е одземена. При дополнителна проверка во личните документи на лицето (лична карта, патна исправа и возачка дозвола) утврдено е дека истите се фалсификувани. Лицето изјавило дека неговиот вистински идентитет е У.М.(41) од Приштина“, соопштија од МВР.

Инаку, У.М. е предаден на полициски службеници од Регионален центар Запад за понатамошна постапка.

Поврзани новости