425
Во текот на вчерашниот ден, лице од Косово било лишено од слобода на граничниот премин „Долно Блаце“, пренесува МВР.
„На 04.02.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен М.Р.(63) од Косово затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. М.Р. е задржан во Полициската станица Кисела Вода“, додаваат од МВР.