381
Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти од плејофот од АБА лигата. Тие вечерва во вториот полуфинален натпревар го совладаа Будуќност во Подгорица со 97:56 .
Во првиот меч во Белград, Ѕвезда исто така победи со убедливи 93:55 и во финалето ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Партизан и Цедевит Олимпија.
Будуќност добро го почна натпреварот, но по влегувањето на Лука Митровиќ кон средината на првата четвртина, Ѕвезда го презеде ритамот и доминираше до самиот крај.