Кошаркарите на Партизан ќе играат во полуфиналето на АБА лигата со Црвена ѕвезда

by Fokus

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Цедевита Олимпија во полуфиналето на АБА лигата со резултат 90:71.

Црно-белите се пласираа во финалето каде за трофејот треба да играат против Црвена звезда, но настапот на таа серија е под знак прашалник поради незадоволството на црвено-белите од конкретните термини на финалето.

Термините на финалињата на АБА и Суперлигата на Србија, во која не учествува Партизан, се поклопуваат и се уште не е најдено решение.

Првиот натпревар во серијата треба да се одигра на 12 јуни, а предност на домашен терен би ја имал Партизан.

Најефикасен на натпреварот беше Зек Ледеј со 17 поени, а кај Партизан го следеа Џејмс Нанели со 12, Данило Андушиќ со 11 , колку што имаа Данте Егзум и Ален Смаилагиќ.

Кај Цедевита Олимпија двоцифрени беа Зоран Драгиќ со 15, Андрија Алибеговиќ со 11 и Карло Матковиќ и Едо Муриќ со по 10.

 

Поврзани новости