Ќосето падна, Град Скопје го отстрани од пред судска палата

by fokus

Споменикот на Андон Јанев Ќосето е во раните утрински часови тргнат од пред судска палата. Отстранувањето го спроведе Град Скопје со екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Од Градот за „Фокус“ велат дека потегот е врз база на извештајот на работната група формирана од Министерството за култура, која констатираше бројни незаконитости при неговото поставување.

Првиот елаборат за објекти од проектот „Скопје 2014“, работната група го достави уште пред неколку месеци до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар. Општина Центар пред извесно време испрати инспектор на лице место, кој констатираше дивоградба.

Отстранувањето на Ќосето, додаваат од таму, не предизвикува вонредни трошоци и дополнителни набавки.

Поврзани новости