Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче само ако Собранието ја прифати иницијативата, вели Муцунски

by Fokus

Одлуката за поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето во населбата Горно Лисиче ќе се реализира ако Собранието на Република Северна Македонија ја прифати таа иницијатива, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Тој вели дека тоа е историска фигура, која има значење за македонската историја, но без одлука на Собранието нема да се постави кој било споменик кој е од национално значење за територијата на Општина Аеродром.

„Ова е фигура која е од национално, а не од локално значење“, рече Муцунски.

 

Поврзани новости