Тоа што услов е работникот да даде согласност да работи шеесет часа, не значи ама баш ништо, сите многу добро знаеме до каде е државата по ова прашање, со сѐ уште бланко договори, спогодбени откази потпишани уште со договор за работа, непочитување на одредби за безбедност
Јанаки МИТРОВСКИ
На сила, што стана одлика за владеењето и на оваа политичка гарнитура, со класична злоупотреба на европското знаменце се донесе ултра спорниот сет на закони што го деградираат македонскиот работник до степен на модерно ропство, ја олеснуваат експропријацијата на вашите дедовини и уринираат врз животната средина.
Секако дека се работи за законите поврзани со еден од најкоруптивните договори, ако не и најкоруптивен во историја на земјата, автопатиштата од коридорите осум и десет, кои треба да ги гради американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Договорот, како што тоа доликува на коруптивни зделки, е склучен во четири очи, без тендер.
„КРАДЕМЕ, АМА И ДРУГИТЕ КРАДЕА“
Оваа власт, која врескаше „држ те го крадецот“ кога беше опозиција, сега преку министерот Бочварски ни порача дека немало ништо спорно што стартни една милијарда и триста милиони евра, а веројатно и над две милијарди, се договорени во четири очи, бидејки, според Бочварски, ете и Охрид – Кичево бил со тендер, па бил заглавен.
Топ-примеров на Бочварски, „крадеме ама и другите крадеа“, нѐ ј.бе во здрав мозок над три децении. Против законските измени, особено вака на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаменце, нема кој не беше против.
Па, и самата Европска Унија се произнесе дека нема никаква оправданост за користење европско знаменце за овие закони. Во превод, овие закони НЕ се важни за усогласување на македонското со европското законодавство.
Тоа не му значи многу на „Бифтек“ Маричиќ, кој без срам и перде јавно си призна дека власта го злоупотребува европското знаменце. Важно ќе има уште година најмалку гага мезење, на работно место што не треба да постои и е измислено за товење партијаши – вицеприемиер ви се молам! Но, министерот „Бифтек“ имаше и оправдување – морале така поради блокадата на Левица.
И покрај личното разочарување од политиките на Левица, која, за жал, стана мејнстрим-партија, можам да истакнам дека сум задоволен од отпорот што го пружаат на силеџискиве неуставни закони. Склопија над шест илјади амандмани и привремено ги блокираа, сѐ додека бифтек-политичарите отворено не ја злоупотребија ЕУ.
Се разбира, не фрлаа димни бомби, како што во повеќе прилики истакнувал претседателот на таа партија, но исклучително е важно да не се премолчи и да не даваме да нѐ мократ по глава, а ние да викаме дека врне!
НЕКА ИМ СЛУЖИ НА ЧЕСТ
Овие законски измени ќе дозволат власта со уште поголема леснотија да ви чепка по дедовините со смешни надоместоци, па судете сѐ после по нивните судови. Тие ќе ја докусурат и онака ничкосаната животна средина, и пред сѐ и над сѐ – ќе го јаваат македонскиот работник до смрт.
Левица излезе со инфо дека до пред овие законски измени Мавриотанија била рекордер со педесет и четири часовна работна недела, па Египет со педесет и три. Јеботе, по прашањето на работнички права сме шампиони од позади, позади африкански држави.
Тоа што услов е работникот да даде согласност да работи шеесет часа, не значи ама баш ништо, сите многу добро знаеме до каде е државата по ова прашање, со сѐ уште бланко-договори, спогодбени откази потпишани уште со договор за работа, непочитување одредби за безбедност итн.
А господата од власта, кои никогаш не дигнале потешко од виљушка со цел да си мцкаат во бифтекот, немаат НИКАКВО право да кажуваат гачки за македонските или сѐ поизвесно увезени работници.
Господа во одела, НЕМАТЕ право да цицате од потта на македонскиот родољуб и работник, и особено немате право да се товите на наша сметка во услови кога последно нешто што сте кренале физички е пенкало.
А нека им служи на чест на целиот демек левичарски настроен невладин сектор, кој коси кубеше против Грујо, а сега дува фалуси по влада. На потег е Пендаровски кој има право, но и должност да не ги потпише закониве како неуставни.
Секако, постои опцијата и овие закони да се оспорат пред Уставниот суд, но тој е веќе запоседнат од владините послушници Кацарска и Васиќ и јас многу надеж таму немам, а тие слободно нека ме очараат.