Коронавирусот ќе донесе рецесија во еврозоната

by Fokus

Министрите за економија во еврозоната предупредија на ризик од рецесија како резултат на „вториот бран“ на пандемијата на коронавирусот и повикаа на фискална политика прилагодена на растот. „Заострувањето на ограничувачките мерки, се разбира, ќе има влијание врз економската активност, рече еврокомесарот за економија Паоло Џентилони по видео-конференцијата на Еврогрупата во вторникот пред полноќ.

Тој се надева дека економскиот шок ќе биде послаб отколку во „првиот бран“ на пандемијата минатата пролет.

-Компаниите и вработените се подобро подготвени да работат од далечина, но во исто време постои неизвесност за времетраењето на вториот бран“, изјави тој, додавајќи: „Секторот за услуги, а особено туристичкото сместување, културата и слободното време, ќе бидат најтешко погодени, нагласи тој.

Поврзани новости