Корона вирусот влезе во градинка во Србија, заразена вработена која ги примала децата

by fokus
Корона вирусот се појави во градинките во Србија, само два дена откако започнале да работат по пауза од речиси два месеци.
Како што пишува „Телеграф“, „Ковид 19“ е потврден кај вработена во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце, која е тријажна медицинска сестра и која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката.

 

Исто така е позитивна и една вработена во претшколска установа во Лесковац, но таа не била на работа.

Заразената вработена во градинката во Власотинце немала никакви симптоми на новиот вирус. Дека е заразена било откриено кога била на работа, кога од Здравствениот дом пристигнале резултатите од тестирањето на сите вработени во таа претшколска установа, на кои брисевите им биле земени минатата недела.

„Вработените беа тестирани од претпазливост. Ниту еден од вработените во градинката не работеше во ковид-болниците, но бидејќи корона вирусот во Власотинце се појави дури неодамна, кога бројот на пациенти почна да се намалува насекаде, директорот на градинката донесе одлука да ги тестира сите вработени. Поради некоја причина, резултатите од тестовите беа препратени од Здравствениот дом дури во понеделникот, и тогаш се дозна дека една вработена е заболена, а таа веќе имаше контакт со децата“, наведува вработен во претшколската установа, додавајќи дека во градинката во понеделникот имало околу 23 деца.

За среќа, сите епидемиолошки мерки и процедури биле испочитувани во градинката, така што заразената вработена на прием на децата работела во заштитна опрема, со визир.

Поврзани новости