Корона вирусот се шири во Психијатриската болница „Демир Хисар“. Денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6 пациенти и еден вработен, пренесе телевизија Телма. Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени.
Со ова вкупно во Психијатриската болница Демир Хисар позитивни се 28 лица, односно 25 пациенти и 3 вработени, медициснка сестра и двајца од помошниот персонал.
Минатата недела еден 73 годишен штитеник од Психијатриската болница почина во градската болница „8 Септември“ во Скопје поради компликации од КОВИД-19. Како вирусот влезе во оваа установа, со вкупно 300 пациенти, не се знае. Посетите се забранети, ниту пак пациентите можат да излезат од болницата, па се претпоставува дека заразата ја донел некој од вработените.