530
Корона вирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20, 30 и 40 години, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеси Касаи.
Касаи рече дека присуството на вирусот кај оваа популација, во отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зарази на припадниците на високоризичните групи, пренесуваат британските медиуми.
Во овие групи спаѓаат постарите лица, хронично болните на кои им е потребна долготрајна нега и луѓето кои живеат во густо населени подрачја со лоши услови за живот.