Корона вирусот прави пустош во Англија

by Fokus

Во Англија од последниот пресек се регистрирани 162.572 нови случаи на корона вирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд беше поставен во петокот, кога беа регистрирани 160.276 новозаразени лица. Бројот на заразени во Англија е во пораст петти ден по ред, пишува „Гардијан“.

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 154 лица. Бројките за Велс, Шкотска и Северна Ирска ќе бидат објавени по новогодишните празници.

Поврзани новости