Судијата Огнен Ставрев денеска информираше дека рочиштето за “ТНТ” се одложува поради состојбата со корона вирусот, односно поради пренветивните мерки.
Наредното рочиште е закажано за 19 март.
Случајот “ТНТ” се однесува за рушењето на објектот “Космос” на бизнисменот Фијат Цановски.
За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Судењето за „Космос“ почна од почеток и на барање на одбраната сите докази се изведуваат повторно.