Корона вирусот го намали бројот на сообраќајни несреќи и прекршоци

by Фокус

Во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година, поради намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Од 1 јануари до 31 јули годинава, како што се пососува, се регистрирани интервенции кај пет деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019 година биле регистрирани интервенции кај 20 деца. Намален е и бројот на интервенции кај возрасните лица.

Инаку, само во март, регистрирани се вкупно 43 интервенции кај лица во алкохолизирана состојба. За споредба, во овој месец минатата година имало 75 интервенции или 32 повеќе.

Забележано е намалување и на бројот на лица повредени во сообраќајни несреќи. Во март годинава, имало вкупно 87 лица повредени во сообраќајни незгоди, што е за 23 лица помалку споредено со истиот месец лани додека во април во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица, или за 45 помалку споредено со април минатата година.

Поврзани новости