Корковадо: Вашите Грејдери се поголеми и имаат посилен мотор од тој во Србија

by Фокус

Спрската компанија Корковадо реагира кон обвинувањата на македонската опозиција дека на македонската армија и продала машини-Грејдери за далеку повисока цена отколку што тоа го направила во Србија. Како што се наведува во демантот потпишан од директорот на компанија Дејан Станојковиќ, опозицијата всушност споредува сосема различни машини со различни карактеристики.

„Вашите Грејдери имаат сила и на предните осовини, што не е случај со оној во Србија и само тој додаток чини 40.000 евра. Моторот на вашите грејдери и поголем и посилен. Поради додадена хидраулична сила со хидромотор на предните тркала мора да имате посилен мотор. Вашите Грејдери имаат сила на моторот од 164 киловати, а Грејдерот испорачан во Трговиште има 125 киловати. Вашите Грејдери имаат ZF менувачи од германско производство, што не е случај со Грејдерот во Србија. Вашите Грејдери се габаритно поголеми, што злобните луѓе не сакаат да го забележат“, се наведува во реакцијата на српската компанија.

Од таму уште додаваат дека во тендерската постапка спроведена од македонското Министерство за одбрана можеле да се јават сите трговци на машини Грејдер, така што на електронската аукција учествувале 3 компании, а Грејдерите на Корковадо биле најефтини.

Поврзани новости