„Користев дроги кои не може да се откријат“ – исповед на најголемиот измамник во историјата на спортот

by Fokus

Стана еден од најуспешните спортисти, а потоа призна дека мамел. Нему му беа одземени седумте титули од Тур де Франс, најголемата велосипедска трка.

Поради допинг, на Ленс Армстронг му беа одземени сите титули од трката околу Франција што ги освои во периодот од 1998 до 2011 година, а неодамна зборуваше за тоа во поткаст.

Тој откри што многумина ги интересира – како никогаш не добил позитивен допинг тест?

– Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го направил тоа повторно, но факт е дека сум бил тестиран 500 пати, и никогаш не сум паднал на допинг контрола. Вистина е. Не постои начин да се избегне тестирање“, рече Армстронг, додавајќи:

– Реалноста и вистината е дека некои супстанци, особено клучните, траат четири часа. Некои супстанции, како канабисот или анаболни стероиди траат многу подолго. Можеш да пушиш џоинт, да одиш на работа и да возиш трактор, во рок од две недели би бил позитивен. ЕПО (лекот што тој го користеше), што е како ракетно гориво што го промени не само нашиот спорт, туку воопшто спортовите на издржливост, многу брзо го напушта телото – рече тој..

Се обиде да биде одговорен барем овојпат.

– Не сакам никого да охрабрувам да го направи тоа. Вистината е дека тоа беше незабележлив лек кој беше неверојатно корисен за перформансите и закрепнувањето. И двете работи се важни. Бев наведен да верувам дека е безбедно ако се земе под водство на лекар, а сега не се согласувам – рече Армстронг.

Поврзани новости