Кореја донираше 48 милиони долари – грант за систем за управување со ризици и податочен склад

by Fokus

48 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад – напиша на Фејсбук директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Во неговиот пост се вели дека „воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“.

„Во оваа насока нашите идни политики базирани на ваквиот систем ќе бидат насочени кон развој на Царинската управа и подобрување на менаџирањето со ризици. Подоброто управување со ризици значи заштита на финансиските интереси на државата и повеќе пари во Буџетот“ подвлече Богоев.

 

Поврзани новости