Копров на Сплитски фестивал: Ќе се повтори ли успехот на Калиопи и ,,Да море зна”

by Fokus

Вечерва на престижниот и еден од најпопуларните фестивали во поранешна Југославија, Сплитскиот фестивал, талентираниот Теди Грубица ќе ја испее „Сунце и ја“, песна што ја потпишува Григор Копров, по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски.

Во богатата музичка биографија на фестивалот, настапуваа и победуваа најголемите имиња, најдобрите интерпретатори од кои дел и денес се активни на сцената – Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја Оџаклиевска, Мики Јевремовиќ, Мери Цетињиќ.

Коров се натпреварувал со седум песни од кои публиката и денес ја памети „Да море зна“, што во 1986 година ја изведе Калиопи. Инаку, неколку претставници од ова 63-то издание на Сплитскиот фестивал, ќе настапат на „Охрид фест“.

Како што рече организаторот, големиот јубилеј, 30-тото издание на фестивалот ќе значи и збратимување и соработка со врвни музички фестивали.

Вики Клинчарова

Поврзани новости