539
Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната, вклучувајќи жени и деца, соопшти денеска украинската гранична служба.
– Во моментов, од 25.000 до 30.000 Украинци се враќаат во својата земја секој ден. За разлика од претходните денови, кога главно беа мажи, сега има и жени, деца и постари лица, рече Андриј Демченко, портпарол на граничната служба на Украина.
Повикувајќи се на податоци од граничната служба, украинското Министерство за внатрешни работи на 3 април објави дека 537.000 Украинци се вратиле дома, пренесе Бета.