КОП27: Ефектот на стаклена градина до три пати поголем споредбено со тврдењата на производителите на нафта и гас

by Fokus

Climate TRACE – независна невладина организација која се занимава со следење на промени во врска со состојбата на емисија на штетни гасови, во вчерашниот извештај кадешто се анализирани 72,612 емитери на јаглерод диоксид, детектира дека произведувачите на нафта и гас сочинуваат дури 50% од најголемите 50 загадувачи.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутерес го адресира проблемот на половично односно вештачки намаленото известување од страна на засегнатите страни т.е загадувачите.

  • Климатската криза ни е пред очи, а сепак задскриена на прв поглед. Имаме емисионии, финансиски и адаптибилни празнини. Меѓутоа, сите овие празнини не мозат да бидат соодветно адресирани без најпрво да се пополни статистичката празнина. После се, невозможно е ефективно да го решаваме и контролираме она што не можеме да го измериме, изјави Гутерес.

Главниот проблем настанува бидејќи не се секогаш 100% точни и прецизни  индивидуалните извештаи на компаниите коишто влегуваат во официјалниот извештај на одредена држава членка на Организацијата на Обединети Нации.

Кај најголемиот дел од државите, Climate TRACE објавува дека емисијата на гасови е до три пати поголема отколку што е наведено во индивидуалните извештаи.

-Со цел да се справиме со климатската криза, неопходно е да знаеме од каде доаѓа загадувањето. Понекогаш, кризата може да личи на ненадминлиов предизвик, главно поради тоа што имавме лимитирано сфаќање во поглед на тоа од каде точно доаѓаат емисиите, кажа Ал Горе – поранешен вицeпретседател на САД и еден од основачите на гореспоменатата невладина организација.

Поврзани новости