КОП27: Чекор кон можен договор за компензирање на сиромашните држави

by Fokus

Преговорите на КОП27 одат во насока на постигнување потенцијален договор во поглед на најделикатното прашање од климатскиот настан при Организацијата на Обединетите Нации.

Имено, станува збор за креирање на фонд за компензација на сњиромашните нации – жртви на екстремни временски услови.

Според Аминат Шауна, Министерот за животна средина на Малдивите, постои таканаречен договор на загуба и штета (концепт осмислен од преговарачите), што би значело дека за земјите како нашата постои мозаик на решенија за којшто се залагавме.

ВИДЕО: Делегатите на последниот ден од самитот во Египет

Министерот за екологија на Нов Зеланд, Џејмс Шо, изјави дека сиромашните ќе ги добијат потребните средства, а богатите којшто ќе ги даваат истите се согласуваат со предложениот договор.

 

Ова допрва треба да биде едногласно изгласано во текот на денешниот ден, но доколку е одобрено, ќе претставува голема победа за сиромашните земји кои повикувале на компензација со години бидејќи се жртви на климатските катастрофи, иако немаат голем удел во стапката на светското загадување.

Поврзани новости