Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“

by Fokus

„Бехтел и Енка“ од утре почнуваат со работа на градилиштето. Најпрвин во Гостивар, а потоа и во уште неколку градови ќе се бараат работници за изградбата на најавените автопатишта што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум.  Овој конзорциум ги гради коридорите 8 и 10.

Ова го објави вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи, а од неговиот кабинет се огласија и дека владата нема ингеренции за вработувањата, саемот го организираат Бехтел и Енка, а Владата дава само логистичка поддршка. Груба сепак не ја пропушти можноста да се пофали дека Владата придонесува за намалување на невработеноста во земјава.

Синдикалците го чекаат Уставниот суд да оцени дали е законски градежните работници на проектите на Бехтел да работат над 10 часа на ден дека државата треба да биде  посветена и на домашните компании, а не само да се задоволуваат потребите на странските фирми, велат за ТВ 24.

 

 

Поврзани новости