Владејачката Конзервативна партија на британскиот премиер Борис Џонсон е пред историска изборна победа против опозициската Лабуристичка партија.
Раните резултати покажуваат дека Конзервативците водат низ североисточниот и централниот дел на Англија, кои важат за традиционални лабуристички територии.
Првичните резултати укажуваат Лабуристите ја загубија власта и во северниот град Хартлпул за прв пат во 57 години.
Изборните резултати може да имаат длабоки импликации за иднината на Обединетото Кралство, доколку шкотските националисти дојдат до мнозинство во шкотскиот делегиран парламент.
Лидерката на Шкотската националистичка партија, Никола Старџен, кажа дека голема победа би значела мандат за втор референдум за независност, откако во 2014 година Шкотска ја отфрли независноста на тогашниот референдум.