,,Драги Центарци и Скопјани!
Првиот датум го одложивме ама ве покануваме повторно.
Концертот „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи на 29 септември од 19 часот.
Во недела, Паркот на франкофонија повторно ќе биде во фокусот на културните збиднувања. Ве покануваме сите да ни се придружите и заедно по втор пат да ја напишеме центарската музичката приказна “Нешто што ќе остане”, напиша градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
-Оваа година, на бината под ведро небо, сценариото со своите гласови ќе го пишуваат FIC & D’INVISIBLES, Лара, Пајак, Таско и Лозано, а низ приказната ќе нè води незаменливиот Сашко Коцев.
Што можете да очекувате? Музика за сите вкусови и генерации, изненадување за помладите, спомени за повозрасните. Македонско музичко доживување што полека ќе прерасне во традиција, напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.