Вечерва од 18 до 19.30 часот на плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи музички настан на кој ќе му се оддаде почит на Аки Рахимовски, фронтменот на ,,Парни ваљак” кој почина во саботата на 67-годишна возраст.
На истиот повеќе музичари ќе ги пеат неговите песни.
Исто така, денес од 13 часот ќе биде отворена и книга на жалост, каде ќе можат да се запишат почитувачите на Рахимовски. Настаните се во организација на радио Бубамара, со поддршка на Град Скопје и КЛС саунд.
Аки, кој е роден во Ниш, детството и младоста ги поминал во Скопје. Потоа се пресели во Загреб, Хрватска, а почина во Ново Место, Словенија, каде живееше последните години.
Неговата мајка, која по потекло е од Србија, се уште живее во Скопје. Поради староста и нарушеното здравје, била сместена во дом за нега на стари и изнемоштени лица.
Пред да почине, музичарот планирал да дојде во Скопје, да ја посети.
Вики Клинчарова