Вечерва во Национална опера и балет Скопје ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени најголемите хитови на композиторот Григор Копров, како што се ,,Лиду ду”, ,,Остани во мене”, ,,Не зори зоро”, ,,Не допирај ме”, ,,Твоите бакнежи на моите бели кошули”, ,,Анушка” и многу други.
Како што информираат од организацијата на настанот, концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости Владо Јаневски, Наде Талевска и Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.
Ана Петановска (20), позната по моќните интерпретации, македонската публика ја најмногу по настапите на музички настани, како традиционалниот концерт на Националната опера и балет по повод празникот Василица, Оскаровската Гала вечер со филмска музика, концертите на Камерниот оркестар Битола со хитови од 80-те и 90-те и концертот посветен на Тоше Проески.
– На сите концерти ја восхити публиката со волшебниот глас и незаборавните изведби. Таа е пејачка која го остава срцето на сцена, а нејзината енергија и емоции остануваат долго по завршувањето на аплаузите, велат од организацијата.
Билетите се пуштени во продажба по цени од 600, 800 и 1.000 денари, а концертот ќе започне во 20:30 часот.
Вики Клинчарова