Ендрју и Тристан Тејт се меѓу шесте лица приведени во истрага за трговија со луѓе и експлоатација на малолетници, според судот во Романија.
Обвинителите во Романија побараа Тејт да биде задржан во притвор уште 30 дена, додека властите во таа земја воведоа полесни ограничувања за неговиот брат Тристан Тејт, пренесува Скај.
Романската агенција за борба против организираниот криминал DIICOT во средата претреси четири куќи во Букурешт и во блиската област Илфов, под обвинение за трговија со луѓе, трговија со малолетници, сексуален однос со малолетник, влијание врз изјави и перење пари, се вели во соопштението.
Се уште не е јасно кој од шесте осомничени се обвинети.
Десетици полицајци и форензичари беа видени како го пребаруваат големиот имот на Тејт на периферијата на главниот град Букурешт, а браќата беа видени на видео како ја следат полицијата надвор од куќата.
Портпаролката на Тејт, Матеа Петреску, вчера како одговор на рациите рече дека „иако наводите во налогот за претрес сè уште не се целосно разјаснети, тие вклучуваат сомневања за трговија со луѓе и перење пари“ и додаде дека неговиот правен тим бил присутен.
Петреску не ги коментираше наводите за малолетници.
Тејт (37) и Тристан (36) се инфлуенсери, пораснаа во Лутон и имаат милиони следбеници на социјалните мрежи.
Нивните ставови објавени на социјалните мрежи често се критикувани од јавноста, а најголемиот дел од нивната публика се помлади мажи на кои им служат како пример.