Јапонски мултимилионер го предизвика гневот на жителите на Палермо поради тоа што го изнајмил целото место на четири дена, се со цел да го прослави својот роденден.
Според извештаите, тој поканил околу 1.400 свои пријатели во мирен италијански град.
Каору Накаџима стана омразен меѓу Италијанците во Палермо откако успеа да изнајми неколку локални знаменитости, вклучувајќи оперски куќи, театри и најпознатите хотели за својот 73-ти роденден. Меѓу зградите кои милијардерот ги изнајмил е и Театро Масимо, најголемата италијанска оперска куќа, чии димензии, грандиозност и акустика се меѓу најдобрите во Европа.
Забавата официјално започна вчера, но гостите се уште пристигнуваат, јавуваат италијанските медиуми.
Тој, исто така, го изнајмил театарот „Политем“ и отишол дотаму што нарачал дополнителни сопствени седишта за неговите гости да можат да танцуваат и да вечераат во зградата стара 132 години. За тоа издвоил наводно „безначајни“ 37.000 евра,
Милијардерот не се штедеше ниту кога станува збор за сместувањето, а сите свои пријатели, од кои 1.400, ќе ги смести во два хотели со пет ѕвезди, Grand Hotel и Villa Igiea, лоцирани на морскиот брег.
За храната донесе посебен и познат готвач, додека пријатната вечера и забава за присутните ја зголемија изведбата на Матео Ботичели, синот на познатиот тенор, како и операта Дон Џовани под диригентство на Рикардо Мути, кој рече дека е пријател на милијардерот.
Накаџима го стекна своето богатство во маркетинг на повеќе нивоа за американската мултинационална Amway. Во 1990-тите, тој влезе во историјата кога ја удвои продажбата на околу 750.000 дистрибутери преку неговата компанија – и наводно донел 40 проценти од бизнисот на компанијата во Јапонија. Тој е познат и во својата татковина како пејач и композитор, откако освои награда на поп фестивалот во Токио – еквивалент на Песна на Евровизија.