Контролорите на летање го откажаа најавениот штрајк за 25 декември и 1 јануари, потврди претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски.
„Видовме дека со нашите активности доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на тие 10 работни денови за конкурсот. И понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно да ги ‘проголтаме’ кнедлите за оваа неисправност од страна на директорите кои веројатно оделе на таа карта намерно да играат за да немаме големи шанси за маневрирање“ изјави Тасевски.
Оттаму додаваат дека му даваат на раководството последна шанса да се откаже од партиските вработувања.