Во текот на изминатиот викенд, имало полициски акции на регионот на Тетово, при што биле регистрирани неколку санкции поради непочитување на мерките за заштита од корона вирусот и неправилно работење на угостителски објекти.
„На ден 18/19.12.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово. Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати 6 лица без сертификат за вакцинација и 2 лица без документи за идентификација. Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени 2 угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени 5 глоби на 5 угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки“, велат од МВР.