Холестеролот е липид кој што се синтетизира во црниот дроб, но го внесуваме и со исхраната. Тој е одговорен за обезбедување на интегритет на ѕидот на клетката, а истовремено и во синтетизирање на одредени хормони и витамин Д.
Триглицеридите имаат улога да обезбедуваат енергија од храната која што ја внесуваме преку калории во вид на јаглехидрати, масти и протеини. Вишокот од овие калории што нема да ги искористи организмот се складираат во форма на триглицериди.
Се додека вредностите на овие фракции се во нормала, организмот функционира како што е потребно. Нормалните вредности за мастите во нашиот организам се следни :
Вкупен холестерол 5,0 ммол/л
ЛДЛ-холестерол < 3,0 ммол/л
ХДЛ-холестерол > 1,0 ммол/л
Триглицериди < 1,7 ммол/л
Кога во организмот ќе се покачи “лошиот ” холестерол или ЛДЛ како и вредностите на триглицеридите истовремено се зголемува и ризикот од коронарна срцева болест.
Се зголемува и можноста за зголемување на артериски плаки кои можат да доведат до атеросклероза.
Причините можат да бидат различни: контролирани и неконтролирани.
Во првата група спаѓаат: исхрана, тежина и физичка активност
А во втората спаѓаат: генетски фактори, пол и возраст.
Добрата работа во целава анализа на можни последици од покачени вредности на холестерол и триглицериди или дислипидемија е тоа што истата може да се третира и со препарати кои се на природна основа.
Едно од препорачаните природни решенија е кобинацијата од црвен ориз и артичока која што има доста позитивен исход во третманот.
1. Црвениот ориз изобилува со активни состојки монаколини кои се сметаат за природни статини поради што е вклучен во најновите препораки за третман на хиперхолестеринемија од страна на Европското кардиолошко здружение.
Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Monakolin K истотака е познат и под називот мевинолин или ловастатин.
Monakolin K е клучен за делотворноста на црвениот ориз во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на LDL холестерол и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот.
Корисниот ефект се постигнува со дневен внес на 10 mg monakolin K од ферментиран црвен ориз. Благодарение на бројни студии кои ги документираат горенаведените дејства постои одобрено здравствено тврдење: “monakolin K од ферментиран црвен ориз придонесува за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта “.
2. Артичоката уште од дамнешни времиња се користи во народната медицина со цел да се поттикне работата на црниот дроб, односно за лачење на жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Покрај тоа извршени се бројни испитувања кои потврдуваат дека преработки од артичока можат да влијаат на нивото на маснотиите и холестеролот во крвта.
Артичоката го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на лошиот LDL холестерол а го зголемува ‘’добриот’’ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување (зголемено лачење на жолчка), поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. За разлика од статините артичоката не ја намалува синтезата на холестерол туку само ја зголемува неговата разградба. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол, а се намалува и нивото на триглицеридите.
М-р по фармација Јулијана Златева
ПР текст