Контраверзната оф-шор фирма по трет пат се обидува да влезе во Макпетрол

by fokus

Фирмата „Балкан Петролеум” од Кипар вчера по трет пат до Макпетрол доставила допис за намера за преземање, но и по трет пат бил неуреден – во поглед на полномошното на застапникот Петар Стојановски.

-По разгледувањето на доставената документација, повторно се утврди дека е неуредна и нецелосна и врз основа на истата не може да се постапува“, стои во известувањето на Макпетрол до македонската берза.

„Балакан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај годинава во Лондон, Англија со двајца вработени и основачки влог од 1.000 евра.

Сепак, сериозни индиции и документи упатуваат дека зад компанијата Балкан петролеум, стои контроверзниот бизнисмен Ури Бидер познат по уништувањето на романската рафинерија РАФО.

Фирмата на Бидер преку кипарска фирма влезе во Романија со понуда за превземање на мнозински пакет во рафинеријата РАФО. Слична приказна, фирма основана во Англија во сопственост на кипарска фирма и со понуда за превземање на мнозински пакет стигна и до македонската берза за Макпетрол.

Понудата дојде од фирма со речиси идентично име со романската фирма на Бидер, Балкан Петролеум холдинг лимитед, која ја основал извесен Васили Евдокимов, на 28-ми мај со капитал од илјада евра.

11 дена подоцна Балкан петролеум холдинг лимитед ја доставува понудата за преземање на Макпетрол.

Поврзани новости