Контрапротестантите поставија шатори пред Уставен Суд

by Фокус

Стевче Јакимовски со дел од вработените од Општината Карпош го опколија целиот простор околу Уставен суд, на местото каде што граѓанската платформа АЈДЕ најави дека вечерва ќе организира протест и ќе бдее цела ноќ.

Како што објавија некои медиуми во текот на вчершниот ден владејачката партија преку СМС пораки барала од членството задолжително да присуствува на денешниот протест.

Протестот на Платформата „АЈДЕ“, на кој најавија приклучување повеќе невладини организации, но и СДСМ и опозициски партии, треба да започне од 18 часот. Најавеното бдеење на Уставот ќе стартува со марш пред зградата на Владата, насобраниот народ ќе се упати кон Народната канцеларија на претседателот на државата, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот треба да пристигнат пред Уставниот суд. Предвидено е бдеењето да трае цела ноќ, а во среда да ги пречекаат уставните судии и да бидат гласни против одлуката на закажаната седница на Уставниот суд.

Поврзани новости