Контраофанзива во Херсон – убиен руски генерал

by fokus

Украинската армија соопшти дека започнала голема контраофанзива против руските војници кои окупираа делови од јужниот украински регион Херсон, пренесува ДПА. Вчера, украинскиот вицепремиер, Олег Резников рече дека земјата собира „милиoнса војска“. Многу медиуми пишуваат дека ова може да биде најголемата битка во војната.

Истовремено, Украинците тврдат дека уште еден руски генерал загинал во последниот ракетен напад. Генерал-мајор Артем Насбулин наводно бил убиен во нападот на Херсон, пишува Дејли Мејл.

Најмалку 12 лица се ранети во руското гранатирање на украинскиот град Миколаев на југот на Украина, соопшти денеска шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким. Како што рече тој, ракети биле фрлани од повеќе ракетни фрлачи погодиле две медицински установи и станбени згради, пренесе Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави серија слики на Телеграм со пркосна порака во која Русија е означена како „терористичка држава“.

Поврзани новости