590
Група граѓани кои ја поддржуваат изградбата на крстот вечерва се собраа на околу 500 метри од кружниот тек во Бутел, каде се поставени шаторите на оние кои протестираат против изгрдба на крстот, а се предводени од ДУИ.
Оваа група која е за изградба на 55 метарскиот крст во Бутел нема намера да тргне кон кампот на ДУИ, туку според нив, тие само сакаат да изразат поддршка за овој проект.
Во Бутел може да се забележи зголемено присуство на полицијата. Од МВР информираат дека на терен се распоредени соодветен број на полицајци за да се обезбеди јавен ред и мир.