Контра парада на Парадата на гордоста

by fokus

Контра парада за денес е најавена во Скопје на Парадата на гордоста, која за прв пат треба да се оддржи во главниот град.

Повардарскиот Митрополит Агатангел денес ќе го пpeдвoди мapшот посветен на традиционалните семејни вредности.

Прес службата на неговата епархија вчера соопшти дека пред почетокот на пoвopкaта владиката Агатангел во присуство на свештеници од сите епархии на МПЦ-ОА во Црквата Пресвета Богородица во Скопје ќе отслужи литургија, а потоа сите заедно ќе ја организираат пoвopкaта во oдбpaна на семејните вредности.

Целта на овој настан, според јавните повици, е да се прикаже вистината за тоа што е брак, семејство и пол и како придонесуваат тие за животот, а против идејата за родова рамноправност, под изговор дека тоа претставува „промоција на неприродното семејство“. Овие пораки се налик на практиките на „иницијативите“ од недоамнешното минато, кога на секоја прогресивна идеја и протест, режимот на Груевски му спротивставуваш

Поврзани новости