КОНТИНУИТЕТ

by Fokus

Пишува: Атанас Костовски

За нас, но и за некогашните наши сограѓани од Гевгелија до Јесенице и од Улцин до Суботица! Спортски нешто сите заедно овој јуни продолживме, таа непрекинатост, односно постојаност што сето тоа највпечатливо се отчитува низ зборот континуитет го направија ракометарите од некогашните југословенски републики, сега самостојни држави! Верувале или не, во следниот јануари на 2020 на Европското првенство што ќе се одригра во Австрија, Шедска и Норвешка , меѓу 24 те репрезентации, ќе настапат и ракометарите од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора (по азбучен ред)! Некогаш тоа беше само една единствена репрезентација од овој простор, сега дури 6 (шест) и сите во борба за шампионската ракометна титула. По, во сега веќе далечната 1990 година , „трансформацијата“ на големите спортски велесили СССР и СФРЈ во многу нови национални (државни) репрезентации на Европските и Светските првенства и, серазбира и на Олимписките игри, патот до титулите и медалите стана многу потежок и понеизвесен.

Сеедно дали стануваше ззбор за екипните или поединечните спортови, на секаде се зголеми бртојот на кандидатите за треофеиите и медалите. Еве и денес кога ќе ги читате овие редови (петок 28 јуни ) таму некаде по 18 часот поранешните „југословени“ ќе ги очекуваат своите противници на ЕП 2020 година, што се однесува до нас сигурно е дека во првата фаза нема да играме само со репрезентацијата на Словенија што ја предводи „вардарецот “Веселин Вујовиќ. Сместени сме во вториот барабан заедно со Норвешка, Германија, Словенија, Унгарија и Белорусија и засега единствено е сигурно дека нашите ракометари нема да играат во далечниот Тронддхајм (Норвешка).

Навиваме за австриска група, во Грац или Виена, поради близината и можноста од силна подршка на нашите навивачи, Втората опција се шведсдските Малме или Гетеборг, но сееедно каде ќе игаат Кире Лазаров и другарите нема да изостане традиционалната подршка од трибините. Веќе во континуитет заедно “играат“ ракометарите и навивачите, ова ќе ни биде петтото едноподрухо одмерување на сопствените ракометни квалитеети со европските репрезентации. По извонредните Хрвати, во овој период ние израснавме како втора сила од некогашниот заедниќки ракометен простор.

Станува збор за државната репрезентација, што се однесува на клупски план, тука сме „екстра класа“ за сите други држави од некогашната федерација.Квалитетите на РК Вардар градени по фудбалскиот „терк“ на пребогатите западноевропски клубови ги донесе посакуваните резултати, да се надеваме дека тие ќе продолжат и во наредните натпреварувачки сезони. И покрај темните облаци што се појавија на Вардаревото ракометно небо, триумфот во Келн и најавената финансиска конолидација, со право очекуваме дека актуелниот европски клупски шампион и во новата натпреварувачка сезона ќе ги задржи своите постоајни амбици за онаа традиционална мајска прошетка до германскиот Келн! Досега на вардарците европско друштво им преавеа ракометарите на Металург, овојпат европска виза добија ракометарите на Еурофарм Работник од Битола.

Тренерот на битолчани Стевче Алушевски веќе ги доби првите засилување, веруваме дека битолчани ќе направат се’ да го вратат некогашниот висок рејтинг што го имаа на југословенската сцена. Добро ги паметам зборовите на моите колеги од другите телевизиски центри на ЈРТ кога ја планиравме месечната спортска програма- ТВ Скопје има три “адути“ кои без проблеми поминуваат- Вардар во фудбалот, Работнички во кошарката и Пелистер во ракометот! Екипите на Висла, Спортинг Лисабох, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Шафхаузен, Сефехов, Ч.Медведи.. веруваме ќе го почувствуваат традиционалното гостопримство на градот на конзулите, но и ракометната сила на вториот македонски преставник во Лигата на шампионите. Релативно младиот битолски ракометен клуб, формиран 2011 година, денеска големо внимание посветува на својата иднина, во три старосни категории од 7 до 14 години тренираат преку 120 деца!, Добро е за нашиот државен тим што во екипата на Еурофарм Работник ќе иггаат многу македонски репрезентативци, ќе бидат поблиску до очите на селекторот Данило Брестовац. Традиционално значи и спортската 2020 година ќе ни започне со ракометарите и нивното шесто учество на Европските првенства. Сеедно каде ќе играат, еве ги во континуитет на ЕП, со надеж дека ќе продолжи традицијата и ќе играат барем во втората фаза на првенството.

Пред неколку години по иницијатива на Агенцијата за млади и спорт започнаа со работа спортските академии во фудбал, кошарка и ракомет.Ракометните гимназиски паралелки во Велес, Гостивар, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје , меѓу промоторите беа Индира кастратовиќ, Пепи и Наумче Мојсовски, веруваме ќе придонесе нашиот ракомет да ги задржи високите позиции што генерацијата на Кире Лазаров ги оствари по европските ракометни паркети. А престојното ЕП 2020 со учество на шест репрезентаии од некогашната СФРЈ е највпечатлива потврда дека на просторите на овој регион екипните спортови на помал простор, многу повеќе им лежат на срце, отколку на оној голем фудбалски терен! Освоените медали н ЕП, на СП и на ОИ тоа најдобро го потврдуваат…

 

Поврзани новости