Конте со ново обраќање: Свесни сме дека забрануваме слобода на движење и трговија, но целта ги оправдува средствата

by fokus

Италија воведува нови. уште построги мерки во борбата против корона вирусот. Ќе бидат затворени сите продавници, ресторани, клубови, а дозвола за работа ќе имаат само аптеките и прехранбените продавници.

Во вечерашното обраќање, италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека основната цел е да се заштит граѓаните.

-Ова е момент за нов чекор, најважниот чекор кој мораме да го преземеме токму сега. Нашата основна цел е да ги заштитиме сите граѓани, но воедно треба да мислиме и на тоа колкава е цената која ќе ја платиме. Свесни сме дека забрануваме слобода на движење и ја попречуваме трговијата, но во оваа ситуацијата целта ги оправдува средствата, рече Конте.

Само во последните 24 часа во Италија заразени се нови 2.313 лица, а починале дури 196 лица.

Поврзани новости