САД ја прошијата „црната листа“ со нови имиња од Балканот. На листата се најдоа десетина лица и компании, од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ
„Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации и да ги користи клучните јурисдикции за да ги олесни своите агресивни дестабилизирачки активности. Денешната акција ги потврдува широките напори на американската влада за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан“ – рече потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии, Брајан Е. Нелсон.
Листата на Црна Гора има уште двајца нови – Миодраг Дака Давидовиќ и Бранислав Миќуновиќ.
Во одлуката за Давидовиќ се вели дека со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора, а во образложението се потенцираат и неговите контакти и релации со поранешниот премиер Зоран Заев и екс генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски.
Од американското Министерство за финасии наведуваат дека токму тој скандал довел до апсење на Рашковски.
„Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис неговите бизнис интереси. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ“ – се вели во одлуката.