966
Друштво за производство, инженеринг, услуги и трговија „Конструктор“ ДОО експорт импорт го доби тендерот на Општина Чаир за конзервација, санација и адаптација на излозите во Старата скопска чаршија, вреден 185.962. На огласот на Општината се јавила само оваа фирма со своја понуда.
„Конструктор“ има рок од осум месеци да ја изведе реконструкцијата на излозите.
Средствата се обезбедени преку Министерството за економија, кое го субвенционира уредувањето на излозите и рекламите во чаршијата, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2018 година
Со проектот се опфатени и чаршиите во Битола и Охрид. Околу 160 занаетчиски дуќани ќе добијат нови излози, од кои 115 се во скопската чаршија.