Констракта предизвика раздор – дали ѝ даде поддршка на Русија?

by fokus

Се огласија од официјалниот профил на Радио телевизија на Србија (РТС) на социјалната мрежа Твитер каде се појавија промотивни фотографии на Ана Ѓуриќ, Констракта, српската претставничка на овогодинешната Евровизија. Станува збор за фотографии направени по повод празникот Велигден, кои веднаш направија раздор меѓу фановите на интернет.

Имено, Констракта позираше во црвена облека покрај корпа со велигденски јајца, пред ловорот, нејзин заштитен знак за спектакуларниот настап на Евровизија. Пред неа има уште нешто: маси во форма на латинската буква Z!

Овој симбол, инаку, се користи за означување на руски воени возила за време на војната во Украина, поради што често го нагласуваат оние кои ја поддржуваат Русија, почнувјќи од избивањето на овој конфликт. Ова ги поттикна шпекулациите дека Ана Ѓуриќ Констракта и РТС испраќаат јавна поддршка за Русија, а Јавниот сервис веднаш излезе со соопштение по тој повод.

-Одлучно негираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерно поврзувањето на нашиот претставник со актуелната политичка ситуација во светот. Масичките на фотографијата се користат повеќе од три години за потребите на нашите емисии, а во овој случај се користени само за една фотосесија. Иницирањето за ново значење во тој сценографски елемент е апсолутно бесмислено, а во некои случаи и злонамерно. Оригиналниот настап и изгледот на претставничката на Србија ја интригира не само нашата, туку и светската јавност, но секогаш и само, како уметнички перформанс кој сигурно ќе биде свртен кон љубовта кон човекот и животот – се нагласува во соопштението.

Поврзани новости