Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи утре во 13 часот

by fokus

Седницата на Собранието на која ќе бидат верификувани пратеничките мандати ќе се одржи утре во 13 часот.

Седницата ја свика претседателот на поранешниот пратенички состав Трајко Вељаноски, а со неа ќе претседава исто така тој.

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов е должен 10 дена по формирањето на новиот пратенички состав, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.

Поврзани новости