Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

by Fokus

Грчките пратеници за нов претседател на Републиката го избраа Константинос Тасулас со 160 гласови „за“ од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент.

На денешното четврто гласање беше потребно мнозинство од 151 пратеник.

Во првото и второто гласање беше потребно двотретинско мнозинство односно 200 пратенички гласови, додека за третото гласање беа потребни 180 гласа.

При гласањето Тасулас победи со гласовите од 160 пратеници, додека кандидатот на ПАСОК Тасос Јаницис доби 34 пратеници, за кандидатот на СИРИЗА-ПС Лука Кацели гласаа 40 пратеници, а за кандидатот од Ники, К. Кирјаку само 14 пратеници.

Мандатот на досегашната претседателка, Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава.

Поврзани новости