533
Интегративните процеси, соработката меѓу партиите и неопходноста од консензус околу реформските процеси биле во фокусот на средбите на лидерите на албанските парламентарни партии – Али Ахмети (ДУИ), Билала Касами (Беса), Мендух Тачи (ДПА) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, пренесува Мета.
Членовите на тимот на Хан на „Твитер“ соопштија дека Хан и лидерот на ДПА Мендух Тачи имале добра средба, на која било разговарано за претстојните предизвици за постигнување на напредок на патот кон Европската Унија.
Тачи не даде изјава по средбата со Хан и најави дека за неа ќе ги информира преку соопштение.