Додека во медиумите се шират информации дека смената на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е поради неговата женидба со 50 години помладата жена, неговиот конкурент за „тронот“ на ИВЗ, Скендер Бузаку тври дека во разрешувањето на поглаварот е вмешана политиката и дека сето ова е во режија за Реџепи.
-Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.
Тој го спори и неговиот наследник односно одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху бидејќи токму Бузаку води судски спор за позицијата.
Тој лани се прогласи за поглавар на ИВЗ и битката пред судовите за овој спор се уште се води.