Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, наведуваат во соопштение од скопската Зоолошка.
Оттаму посочуваат дека „резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување.
„ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот“ се вели во соопштението на ЗОО Скопје.
Коњите кои угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.
Коњите биле донесени од Национален парк од Австрија, а до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.