Во Конгресот синоќа се случи изненадувачки пресврт и се изгласа закон за финансирање на американската Влада, со што во последен момент се спречи очекуваната блокада (shutdown).
Украина беше една од главните причини за можната блокада на американската Влада, за што низа агенции почнаа да вршат подготовки.
Другата е огромниот буџетски дефицит од два трилиона долари, што се удвои во споредба со лани и е поголем од оние пред пандемијата од Ковид-19.
Поради ова републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, се незадоволни и го развлекуваа одобрувањето на финансиите за работата на владата до последен момент.
Претставничкиот дом гласаше „за“ со две третини мнозинство (335-91) откако спикерот Кевин Мекарти, републиканец, вчера претстави програма по неколкучасовна координација со законодавците републиканци кои се мнозинство во Долниот дом.
Веднаш потоа, Сенатот гласаше со 88 гласа „за“ и 9 „против“ за привремен „стопгеп“ (stopgap) буџет со што федералната влада на САД добива финансии до 17 ноември.
Законот вклучува 16 милијарди долари помош од природни катастрофи побарана од Белата куќа и ја продолжува авторизацијата за Федералната воздухопловна администрација до крајот на годината.
Не вклучува доплнителна помош за Украина, иако имаше опширна двопартиска подршка за ова во Сенатот.
Гласањето се случи по неколкучасовно одложување поради интеревенции на сенаторот Мајкл Бенет, демократ од Колорадо, кој бараше цврста заложба од лидерите на двете партии за помош за Украина.
Законот доцна синоќа се најде на потпишување на работната маса на претседателот Џо Бајден, кој уште еднаш повика на непоклебливост во заложбите за постојана и непречена подршка за Украина.
-Не смееме да дозволиме по какви и да било околности да се прават пречки во американската подршка за Украина, изјави Бајден во соопштение за јавноста, и додаде дека „очекувам спикерот да ја одржи својата заложба до народот на Украина и да осигура одобрување на подршка потребна за помош на Украина во овој критичен момент“.
Макарти со недели одбиваше да се разгледува какво и да било финансирање на владата што би вклучило подршка од демократите, кои бараа непосредни финансии за помош за Украина, бидејќи тековното финансирање за Киев завршува на почетокот на октомври.
Но, соочен со можна политичка и економска штета од блокадата, Mакарти го смени правецот и ги повик демократите да го поминат законот.