Конгресот на Села е незаконски и го прекршува Статутот на Алијансата за Албанците, велат од таборот на Таравари

by Fokus

Денешниот таканаречен Конгрес на групата незадоволници во АА е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на Алијансата за Албанците, велат од Статутарната комисија на Алијансата за Албанците, според кои што единствен партиски легитимен претседател е Арбен Таравари.

„Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата. Настрана манипулациите и фалсификатите кои му претходеа на овој фарсичен Конгрес, ние како легитимни членови на статутарната комисија на партијата го потсетуваме поранешниот претседател на Собранието, Зиадин Села, дека Собранието на партијата на 21 јануари 2023 година избра Статутарна комисија во следниов состав: Ардиан Лимани (претседател), Кујтим Незири, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Атнан Незири (членови).

Ние учествувавме на легитимниот Конгрес на Алијансата за Албанците одржан на 16 февруари 2024 година под раководство на претседателот Арбен Таравари. Единствениот член кој застана зад групата на незадоволни, е Атнан Незири. Денеска на нелегитимниот конгрес организиран од незадоволната група, се слушна дека Тирон Јахјага е претседател на статутарната комисија. Единствениот легитимен член на изманипулираната статутарна комисија беше Атнан Незири, кој реши да стане дел од фалсификат.

Ова сведочи за уште еден фалсификат, бидејќи само претседателот на партијата може да предложи именување или разрешување на членовите на Статутарната комисија, за што мора да се гласа во партиското Собрание. Ваквите фалсификати ќе имаат правни последици“, велат од партиското тело.

Поврзани новости