Конгресот на САД го забрани DeepSeek

by Fokus

Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek.

Оваа информација ја пренесе американскиот портал Axios, повикувајќи се на известување испратено до канцелариите од главниот административен директор на Претставничкиот дом (CAO).

Во известувањето се наведува дека DeepSeek во моментов е подложен на преглед од страна на CAO.

Појавата на евтин кинески модел за вештачка интелигенција ја загрози доминацијата на пазарот на американските лидери со вештачка интелигенција, како што се OpenAI и Alphabet.

Кинеската компанија за развој на вештачка интелигенција DeepSeek објави отворена верзија на својот модел R1, кој привлече големо внимание во Силиконската долина, бидејќи напредниот модел по некои параметри е подобар од американските производи и во исто време е направен по значително пониска цена.

Поврзани новости